Connect with us

Челси е продаден за рекордна сума, официјално завршува ерата на Абрамович

Челзи има нови сопственици. Постигнат договор со конзорциумот предводен од Тод Бели, Клирлејк Капитал, Марк Волтер и Хансјорг Вис. Продажбата треба да биде завршена до крајот на мај, односно по одобрување од владата на Велика Британија.

Акциите на клубот ќе бидат купени за 2,5 милијарди фунти, што според достапните податоци е најголемата сума за која е продаден еден спортски клуб. Таа сума ќе биде префрлена на замрзната сметка во Велика Британија, а Роман Абрамович потврди дека планира целата сума да ја донира во добротворни цели.

Новите сопственици, исто така, ветија 1,75 милијарди фунти за инвестирање во „благосостојбата на клубот“, односно инвестиции во стадионот, тимовите и академијата.

Роман Абрамович одлучи да го продаде Челзи откако влезе во групата руски олигарси на кои и м беа замрзнати имотите и сметките во Велика Британија и во Европската унија поради близината со Владимир Путин, а откако Русија изврши агресија над Украина.

Тој во четвртокот изјави дека нема да бара да му бидат исплатени 1,5 милијарди фунти ки фигурираат како долг на клубот кон него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови