Connect with us

Чави: Ме изненади изјавата на Карло Анчелоти

Барселона го победи Реал со 2-1 на „Ел Класико“ и направи огромен чекор кон шампионската титула во Шпанија. Барса сега има 12 бода повеќе од Реал.


Гостите поведоа во деветтата минута со автоголот на Араухо, а Барса израмни во 45. минута со прекрасниот гол на Серхи Роберто. Победата на Каталонците им ја донесе Франк Кеси со гол во 92. минута.

„Клучно беше да не ја изгубиме топката и на тој начин да му дозволиме на Реал да ни се спротивстави. Реал е смртоносен во таква игра. Страдавме во второто полувреме, но мислам дека бевме подобри. За мене првенството не е завршено бидејќи имаме 12 бодови предност. Имаме одлична сезона во лигата“, изјави Чави Хернандез, тренерот на Барселона, по натпреварот.

„Време е да им оддадеме почит на овие играчи, кои беа многу критикувани во последно време. Серхи Роберто… Не знам што друго да кажам за него. Во кој било друг тим тој би бил ценет. Тука е критикуван. Тој е пример за сите и одлично е да се биде негов тренер“, додаде тој.

Во вториот дел Реал постигна гол кој подоцна беше поништен. Стрелец беше Марко Асенсио, кој на крајот се покажа дека бил во многу мала офсајд ситуација. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, изрази сомнеж во одлуката на судијата и со тоа го изненади својот колега од Барселона.

„Офсајд? Да, беше, покажа технологијата. Тука треба да ставиме крај на дебатата, затоа што без технологијата е многу потешко да се проценуваат ваквите ситуации. Искрено, ме изненади изјавата на Карло Анчелоти“, истакна Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови