Connect with us

Чачиќ: Динамо не смее да греши вака и против Шкупи

Динамо Загреб синоќа во последните мигови стигна до триумф (3-2) против Локомотива откако направи голем пресврт. На почетокот од мечот „модрите“ имаа негатива од два гола, а на крајот сепак победија.


Тренерот Анте Чачиќ предупредува дека не смее на таков начин да се игра и на следниот натпревар против македонскиот првак Шкупи во квалификациите за ЛШ.

„Не смееме да примаме евтини голови затоа што тоа може скапо да не чини во Европа. Шкупи беше доминантен во македонското првенство и такви грешки би можеле скапо да не чинат. Се радувам што дојдоа преку 4.000 фанови на премиерата, се надевам на многу повеќе против Шкупи“, изјави Анте Чачиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови