Connect with us

Брегалница го доведе Бобан Георгиев како четврто засилување

Новиот прволигаш Брегалница го доведе крилниот играч Бобан Георгиев како четврто засилување во летниот преоден рок. Тој изминатата сезона настапуваше за новиот шампион на БиХ, Борац Бања Лука.


Георгиев, кој фудбалски потекнува токму од Брегалница, настапуваше за Силекс, а потоа беше член на Радник Сурдулица и на Борац Бања Лука.

Претходно, Брегалница се засили со македонскиот интернационалец Даниел Мојсов, поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев и со Хрватот Антонио Азиновиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови