Connect with us

Барселона тргнува по Рубен Невеш

Фудбалерите на Барселона оваа сезона ја завршија со титулата во Шпанија и освојувањето на Суперкупот. Тренерот Чави Хернандез веќе размислува за преодниот рок, особено по разделбата со Серхио Бускетс и со Жорди Алба.


Според последните информации, Каталонците би можеле да го ангажираат играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невеш, за 30 милиони евра.

Неговиот договор со „волците“ истекува следното лето, но поверојатно е сега да се случи трансфер.
Вулверхемптон оваа сезона во Премиер – лигата ја заврши на средината на табелата. Невеш е во клубот од 2017 година, кога пристигна од Порто.

Сезонава на 40 натпревари постигна шест гола и имаше една асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови