Connect with us

Барселона со рекордна заработка од „Ел Класико“

Каталонскиот гигант Барселона е на чекор до титулата во Шпанија по триумфот од 2:1 над Реал Мадрид на синоќешното „Ел Класико“. Раководството на Каталонците сигурно е задоволно не само од успехот, туку и од тоа што повеќе од 95.000 гледачи на „Камп Ноу“ ја наполнија клупската каса со повеќе од 8,2 милиони евра. Ова е рекордна сума на продажба на билети за домаќините.


Тимот на Чави сега има 12 бода предност пред Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига.

Доколку Барселона стане шампион, тоа ќе биде прва титула за тимот од сезоната 2018/2019. Реал оттогаш двапати го крена пехарот во Ла Лига, а Атлетико Мадрид еднаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови