Connect with us

Барселона на Ел Класико ќе игра со специјален дрес во чест на Дрејк

Барселона официјално објави дека на претстојното Ел Класико против Реал Мадрид, тимот ќе носи посебен дрес. Каталонците наместо логото на нивниот главен спонзор „Спотифај“ на дресот ќе имаа ликот на був, кој се поврзува со канадската поп ѕвезда Дрејк.

Причината за овој потег е тоа што пејачот стана првиот изведувач кој достигна 50 милијарди прегледи на неговите песни на музичката платформа.


„За да го прослави тоа што стана првиот уметник со 50 милијарди стримови, Барселона ќе го носи бувот OVO на Ел Класико в недела. Не изгледа реално, но е“, напиша самиот Дрејк на Инстаграм со фотографијата на која позира со специјалниот дрес.

Од Барселона нагласија дека Дрејк е првиот музичар кој на некој начин ќе се појави на нивниот дрес, па не е исклучено во иднина да има и други слични гестови кон ѕвездите од оваа индустрија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови