Connect with us

Баерн Минхен сака да го купи Каи Хаверц

Бомбастична вест денеска пристигнува од Германија. „Спорт1“ пренесува дека Баерн Минхен планира да го доведе Каи Хаверц од Челси.


Англискиот клуб пред две години од Баер Леверкузен го доведе офанзивецот за 80 милиони евра, а во 93 настапи за „сините“ тој постигна 23 гола и забележа 14 асистенции.

Хаверц е клучен играч и херој на „Стемфорд бриџ“, бидејќи неговиот гол го реши финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити во Порто пред една година.

Тој е еден од најважните играчи во системот на Томас Тухел и сосема е невозможно да се очекува да се откаже од него.

Сепак, кога Баерн нешто ќе намисли, најчесто и успева тоа да го реализира. А треба да се има предвид дека секој Германец сака да го носи дресот на гигантот од Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови