Connect with us

Аријан Адеми слави голем јубилеј против Милан на „Сан Сиро“ – 100 европски мечеви во дресот на Динамо Загреб

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, вечерва на „Сан Сиро“ ќе го предводи својот тим против италијанскиот гигант Милан во Лигата на шампионите и ќе прослави голем јубилеј. За него тоа ќе биде стоти европски натпревар во дресот на хрватскиот шампион.


Адеми е убедливо најдобар во оваа категорија во клупската историја на Динамо Загреб. Зад него е Самир со 76 натпревари за Динамо во европските купови.


Македонскиот репрезентативец со години е предводник на тимот на Динамо Загреб, а минатиот меч против Челси, во големиот триумф (1-0) на „модрите“, се закити и со признанието за МВП на натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови