Connect with us

Анчелоти: Одигравме совршен натпревар против Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја коментираше победата на неговиот тим над Барселона од 3-1. Тој е задоволен од играта на своите играчи и од големиот триумф.


„Моравме да одиграме совршен натпревар и го направивме тоа“, изјави Анчелоти. „Точно е дека стартот беше одличен за нас и релативно рано поведовме, а потоа ја контролиравме играта. Специјалната задача му ја дадов на Едер Милитао, да го притисне Левандовски, па дури и да биде агресивен. Добро се снајдовме и со додавањата меѓу линиите, а многу помогнаа и петте замени. На клупата имаше играчи кои заслужија да започнат, но не можам сите да ги уфрлам од првата минута. Тогаш не би имале моќ за да одиграме добро во текот на целиот натпревар. Целта беше да бидеме силни во средниот ред и да чекаме. Ако не успееше со Валверде, ги имавме Родриго и Камавинга“, потенцираше Карло Анчелоти.

Реал Мадрид сега има три бода предност пред Барселона на врвот на табелата во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови