Шкендија не успеа да оствари триумф на гостувањето во Струга, одигра 1-1 и всушност стигна до бод во самиот финиш кога погоди Ангелчо Тимовски. Струга Трим Лум имаше водство од 11.минута кога Емир Скендери ја искористи грешката во одбраната на актуелниот шампион.
Тренерот Бруно Акраповиќ со слична изјава како и секогаш кога неговиот тим нема да победи.
„Имавме „сто шанси“ за гол што не ги искористивме. Примивме гол од наша грешка во одбраната, а претходно противникот немаше ниту еден удар кон голот“, изјави Акраповиќ.
Шкендија во следното коло го пречекува Борец.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski