Connect with us

Акраповиќ: Комбинаторната игра носи голови и победи

Шкендија конечно успеа да стигне до првата победа во новата сезона. Во Тетово, на крајот и мошне убедливо, тимот на Бруно Акраповиќ славеше против Македонија ЃП славеше со 4-0. Резултатот го отвори Бесарт Ибраими, а во финишот уште два гола постигна Љупчо Дориев и еден Дашмир Елези.


„Можеме да бидеме задоволни од победата. Ја заслуживме, иако има уште неколку елементи што треба да ги подобриме. Ако играме комбинаторно во средниот ред и го имаме поседот на топката, тоа секогаш ќе му носи голови на тимот. Така беше и на претходниот меч на гости, како и на натпреварот со Македонија ЃП“, вели Бруно Акраповиќ, тренерот на Шкендија.

Во следното коло, Шкендија ќе му гостува на Пелистер во Битола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови