Легендата на францускиот фудбал Зинедин Зидан потврди дека не е далеку времето кога ќе ја продолжи тренерската кариера.
„Ќе се вратам наскоро. Почекајте уште малку. Ќе биде многу наскоро. Блиску сум повторно да почнам со работа“, изјави Зидан за RMC Sport.
50-годишниот Французин одмора од 2021 година. Претходно, тој ја освои Лигата на шампионите во три последовни сезони со Реал Мадрид и исто така го предводеше клубот до една титула во Ла Лига, два европски Суперкупа, два шпански Суперкупа и трофејот на Светското клупско првенство.
Името на Зидан неколку пати беше поврзувано со тренерската работа во Пари Сен Жермен, но летото клубот го назначи Кристоф Галтие.
Можно е Зизу да стане селектор на Франција доколку Дидие Дешамп реши да се пензионира по Светското првенство во 2022 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski