Connect with us

ВИДЕО: Вардар за само четири минути прими два гола од Ренова во Тетово

Вардар одигра лошо прво полувреме на гостувањето против Ренова во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ по првите 45 минути имаат негатива од 2-0, дозволувајќи да примат два погодоци од „гипсарите“ за само четири минути.

Најпрво во 9. минута за водство на Ренова од 1-0 погодои Рамадани.

А, потоа во 13. минута по убава акција, за 2-0 погоди и Емануел Мбела, за сосема заслужено убедливо водство на домашните на полувремето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови