Меритон Гега, првиот асистент на Шпетим Дуро, ќе го преземе кормилото на тимот по разделбата со шефот на струшниот штаб. По двата порази по ред, од Силекс дома и од Тиквеш на гости, раководството на Струга Трим Лум одлучи спогодбено да го раскине договорот со Шпетим Дуро. По ова, донесена е одлука Меритон Гега да го предводи тимот до крајот на сезоната.
Струга ТЛ сега има идентичен број бодови (58) како и Шкендија и Шкупи, па во последните три кола нѐ очекува неверојатно интересна битка за шампионската титула.
Меритон Гега ќе дебитира како прв тренер на Струга ТЛ на мечот против Гостивар в сабота.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski