Исланд беше наша голема „мака“ по ремито во Рејкјавик (2-2), но одеднаш не ослободи од товарот откако успеа да ремизира без голови и против Романија во Букурешт. Тоа повторно и даде голема шанса на Македонија да се избори за второто место во групата. Потребна е победа над Исланѓаните на утрешниот последен меч од квалификацискиот циклус за СП, тоа ја води Македонија во дополнителниот бараж.
Сепак, нема да биде така лесно, а Исланд нема намера така лесно да се предаде. Тоа е јасно, селекторот Арнар Видарсон вели дека ќе одиграат најдобро што знаат и не би имале ништо против да ја расипат забавата на македонскиот национален тим и сите што утре ќе присуствуваат на арената „Тодор Проески“.
„Знаеме дека ова е екстремно важен меч за Македонија, но кога се игра за репрезентацијата, сите мечеви се апсолутно важни. Имате одличен тим, игравте импресивно и на Европското првенство, но Македонија секако има и свои маани. Ќе се обидеме да ги искористиме и да оствариме позитивен резултат. Нашата селекција е еден млад тим кој секогаш има мотиви за докажување. Можете да мислите и дека дојдовме кај вас за да ја расипеме забавата, но ние размислуваме само за успех на утрешниот натпревар. Шансите се 50-50“, изјави селекторот на Исланд на прес – конференцијата во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski