Connect with us

Ливерпул тргнува по Виктор Осимен

Ливерпул покажува сериозен интерес за голгетерот на Наполи, Виктор Осимен, пренесува „Кориере дело Спорт“. Нигериецот најверојатно ќе го напушти Неапол на лето, а како главен фаворит за неговиот потпис во моментов се смета ПСЖ. На „Паркот на принцовите“ тој треба да го замени Килијан Мбапе.


Сепак, Осимен претпочита да игра во Премиер – лигата, каде што го бара и Челси. Сепак, „сините“ не можат да му понудат на напаѓачот учество во Лигата на шампионите, што значително им ги намалува шансите да го привлечат.

Наполи ќе бара повеќе од 100 милиони евра за правата на својот најдобар стрелец.
Осимен има 16 гола на 29 натпревари во сите конкуренции за „наполитанците“ оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови