Согласно посакувањата Брегалница со триумф против Плачковица во Радовиш ја стартуваше новата сезона во Втората лига – Исток, најавувајќи ги амбициите за прволигашка промоција.
Но, искусниот крилен офанзивец Стојанче Велинов вели дека Брегалница може и многу подобро и тоа ќе го покаже во иднина. А, ова е само прв натпревар кој, најважно е, што е завршен со триумф.
„Секогаш првите натпревари се тешки. Посебно се незгодни гостувањата во Радовиш каде домаќините се повеќе од мотивирани за победа. Брегалница сега ја носи фаворитската улога и на секој меч против себе ќе има силно мотивиран противник, што кажува за големината на нашиот клуб. Но, против Плачковица успешно си ја завршивме работата. Со мојот погодок брзо го отворивме резултатот, па следеше пресврт, но во вториот дел ја покажавме вистинската слика на Брегалница која оваа сезона ќе се бори за првото место и влез во Прва лига. Мора да продолжиме и уште поубедливо, па со победи да го чуваме врвот“ – вели Велинов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













