Connect with us

Васоски: Ова е веќе хајка против Академија Пандев

Академија Пандев ја забележа третата победа во првенството совладувајќи го тимот на Ренова со 2-1. Со десет освоени бода, составот на Александар Васоски е првопласиран на табелата, а тој реагира поради тоа што сите екипи кои ќе бидат поразени во Струмица се жалат на судењето, како што вели, барајќи си алиби.


„Почитувани спортски пријатели, морам да се обратам по се понагласените патетични соопштенија од нашите противници заради судењето на нашата екипа. Веќе минува во патетика после натпревар виновници да барате кај судиите. Со тоа го омаловажувате нашиот труд и си барате алиби за поразите. Што е Академија крива што некој неспортски човек од трибините свирнал со свирче за нашите и фудбалерите на Ренова да застанат. Освен таа ситуација на крај, подготвен сум на јавна дебата, фаул по фаул, офсајд по офсајд да дискутираме на јавна емисија, а не само без аргументи. Ова веќе минува во хајка која нема врска со вистината. Се додека нема ВАР за жал ќе има судиски грешки, затоа сите треба да се залагаме што побрзо да се донесе. Апелирам и на јавна емисија со судиски експерти за да се минимизираат грешките“, вели Васоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови