Македонскиот репрезентативец и член на англискиот премиерлигаш Арсенал, Дени Илиев, за среќа нема посериозна повреда. Тој го напушти предвреме натпреварот против Тотенхем за играчи до 23 години, но деталните лекарски прегледи покажаа дека не се работи за ништо сериозно.
Илиев има мало воспаление на препоните кое во моментот предизвикало поголема болка, но по само тридневен одмор тој ќе може да почне со максимални тренинзи. Веќе од понеделник, Дени Илиев ќе биде во полн тренажен процес и ќе може да конкурира за настап.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement