Connect with us

Тухел повторно се враќа во ПСЖ?

Томас Тухел би можел повторно да застане на кормилото на Пари Сен Жермен, тврдат медиумите во Франција. Челниците на францускиот клуб жалат за отказот на Германецот во 2020 година и се подготвени повторно да го назначат. Се очекува двете страни многу брзо да започнат преговори.

49-годишниот Тухел сака да се врати на „Паркот на принцовите“, но под одредени услови. Тој инсистира клубот да му гарантира дека ниту еден фудбалер нема да има повластена позиција од раководството.

По разделбата со ПСЖ, Тухел ја освои Лигата на шампионите со Челси и ги предводеше лондончани до 6 финалиња за 15 месеци, но доби отказ на стартот од оваа сезона.

Актуелниот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие е под сериозен притисок поради лошите резултати во последните недели. Парижаните загубија три меча во низа, а викендов драматично го победија Лил со 4-3.

Решавачки за судбината на Галтие најверојатно ќе биде реваншот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Првиот меч Французите го загубија на домашен терен со 0-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови