Connect with us

Стефано Пиоли од следната сезона ќе биде тренер на Наполи?

Стефано Пиоли на крајот од сезоната најверојатно ќе си замине од „Сан Сиро“, а „Газета дело Спорт“ и „Скај Италија“ се убедени дека тој е во пол-позиција да добие работа во Наполи.

Неговиот договор со Милан е до јуни 2025 година, но тоа нема да биде проблем бидејќи „росонерите“ веќе одлучија да го пуштат на крајот од оваа сезона.

Џанпјеро Гасперини останува во Аталанта, додека Доменико Тедеско нема намера да замине од кормилото на белгиската репрезентација. Во комбинациите на Наполи го нема Винченцо Италијано од Фиорентина, а иако медиумски се најавува можно доаѓање на Антонио Конте, тоа сепак ќе биде тешко за реализација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови