Connect with us

Алексовски: Тиквеш е во одлична форма, но ние посакуваме триумф

Работнички е во одлична серија, успеа да се извлече малку подалеку од опасната зона, а денеска на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува хитот на сезонатам тимот на Тиквеш.
„Романтичарите“ веруваат дека ќе успеат да продолжат во позитивен стил.


„Влегуваме во завршницата, во последните три кола од првенството и секоја минута има посебно значење. Ние сме во позитивна низа, но исто така и Тиквеш, нашиот утрешен противник, покажува дека е навистина квалитетен и бележи одлични резултати. Максимален респект за нив, но ние сакаме да продолжиме со позитивниот тренд и ќе сториме сѐ да стигнеме до нов триумф. Се разбира, знаеме дека нѐ очекува исклучително тежок натпревар против одличен тим. Сепак, играме на домашен терен, веруваме во своите квалитети и одиме да се надигруваме“, изјави Игор Алексовски, голманот на Работнички.


Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ја пречекува Македонија ЃП. Младиот Ѓорги Дошев, кој во минатото коло го постигна дебитантскиот гол во елитата, очекува нов добар настап на „црвено-црните“.


„Многу сум среќен за голот. Чувството кога дадов гол за Вардар е неверојатно, особено што тоа се случи на еден важен натпревар за нас. Со победата се доближивме до целта, но сега ни следи натпревар со Македонија ЃП, на кој мора да го дадеме максимумот затоа што секој натпревар до крајот е важен и на секој ќе атакуваме на победа“, изјави Дошев.


Брера во Турново ја пречекува Брегалница, која исто така нема друг избор освен да атакува на триумф и да се обиде да се спаси од најлошото. Но, струмичани најавуваат триумф.

„Излегуваме максимално за да ги освоиме трите бода кои ни значат многу – опстанок. Како што беше со Вардар, очекувам и денеска да има публика и да ни биде 12. играч“, истакна Горан Томовски.


Воска Спорт во Охрид е домаќин на Силекс.


Во битката за врвот, Шкупи ја пречекува Шкендија на Чаир, а Струга ТЛ на домашен терен ќе игра против Гостивар.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО (денеска, 17 часот)

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови