Connect with us

Откриена причината зошто Ралф Рангник го одби Баерн Минхен

Ралф Рангник стана третиот тренер кој од новата сезона одби да го наследи Томас Тухел во Баерн Минхен. 65-годишниот стручњак ќе остане на чело на австриската репрезентација каде има договор до 2026 година.

„Билд“ ја откри и причината за одлуката на Рангник. Стратегот нема желба целосно да го промени својот сегашен живот, што ќе се случеше доколку ја прифатеше работата на „Алијанц арена“.


Тој не сака да работи две работи во исто време во наредните месеци – планирање на тимот на Баерн за новата сезона и подготовка на Австрија за претстојното ЕВРО 2024.


Рангник беше свесен за целиот притисок што ќе му биде ставен поради фактот дека ќе е тренер на врвен клуб. 65-годишниот тренер одлучи дека на негова возраст не сака да има таков притисок.
Рангник стана третиот тренер кој го одби Баерн Минхен, по Чаби Алонсо и Џулијан Нагелсман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови