Connect with us

Тонали се спаси од нова казна од ФА поради новите обложувања како фудбалер на Њукасл

Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали, имаше среќа да се извлече со уште една сериозна забрана за обложување во Англија. Поради 50 облози што ги направил како играч на „чавките“ меѓу 12 август и 12 октомври 2023 година, Фудбалската асоцијација на Англија го санкционираше само со условна суспензија во период од два месеци со период до крајот на следната сезона.

Тоа значи дека доколку Тонали не ги прекрши правилата, ќе може да се врати на терените на крајот на август, како што беше и досега.


Играчот од средниот ред во моментов отслужува десетмесечна суспензија (27 октомври 2023 година – 27 август 2024 година) поради обложување на натпревари додека беше член на Милан. Од една страна нема право да го прави тоа бидејќи е професионален фудбалер, а од друга страна тоа го правел на недозволени платформи.

Но, подоцна се дозна дека Тонали продолжил со своојот порок дури и како играч на Њукасл. Во овој случај, сепак, самиот призна, пријавувајќи во ФА.

Заедно со условната казна, Италијанецот е казнет со 20.000 фунти и официјално предупредување.

Тонали тврдел дека не се сеќава на вкупната сума со која се обложувал, но има информации дека не надминува 10.000 евра за облог.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови