Connect with us

Арсенал го продава Габриел Жесус

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус, би можел да го напушти клубот ва лето, пренесуваат медиумите на Островот. Раководството на лондонскиот клуб е подготвено да ги слушне понудите за 27-годишниот Бразилец.


Во оваа сезона Жесус одигра 33 натпревари, на кои постигна осум гола и забележа седум асистенции.

Бразилскиот репрезентативец често го мачат повреди, што е проблем за Микел Артета и неговите асистенти.

Втората опција за центарфор, Еди Нкетија, е надвор од форма и не успева да ги искористи шансите што ги добива.

Стратегот на Арсенал веќе има свои опции за нов напаѓач бидејќи оваа позиција во моментот е најпроблематичната во тимот оваа сезона. И покрај сето ова, „топчиите“ се најефикасниот тим во досегашниот дел од Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови