Пелистер и официјално се врати во фудбалската елита на Македонија. „Зелено-белите“ славеа на гости кај Башкими со 1-2.
Лидерот Беса немаше милост против Тетекс и на гости славеше со 0-7. Двојни стрелци беа Генц Гаши и Зани Назифи, а стрелаа и Емир Скендери, Малик Белули и Меметриза Хамза.
Охрид го победи Детонит Плачковица со 3-1. Двоен стрелец беше Наумче Бакрачески, а погоди и Филип Димоски. Голот за Детонит Плачковица го постигна Лука Трајкоски.
Осогово го победи ФК Скопје со 2-1. Новаци го победи Караорман со 6-0, а Беласица и Вардар Неготино одиграа без голови.
Арсими ја совлада Победа на гости со головите на Шпенд Асани, Емран Рамадани и на Леонтин Бајрами.
Каменица Саса го победи Кожуф со 1-0. Стрелец беше Александар Смилков во 48.минута од дуелот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski