Connect with us

Начо Фернандез го напушта Реал и ќе му се придружи на Лео Меси

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, е категоричен во намерата да го напушти клубот на крајот на сезоната. Како што пренесува „Радио Марка“, ветеранот веќе ја известил управата на клубот дека нема да го продолжи договорот кој му истекува на лето.

Желбата на 34-годишниот дефанзивец е кариерата да ја продолжи во САД. За него интерес покажуваат неколку тимови од МЛС, меѓу кои Интер Мајами на Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Начо доби примамливи понуди од Саудиска Арабија, а зимата го бараше и Интер, но повеќе сака да оди во САД.

Шпанскиот репрезентативец е младински играч на Реал Мадрид и досега го носеше само дресот на „кралскиот клуб“ за кој има вкупно 357 настапи и 16 голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови