Connect with us

КЛ: Олимпијакос ја шокираше Астон Вила, триумф на Фиорентина (ВИДЕО)

Грчкиот Олимпијакос направи големо изненадување откако ја совлада Астон Вила на гости со 2-4 во првиот полуфинален натпревар од Конферециската лига на УЕФА. Херој на гостите беше Ал Кааби кој постигна хет-трик. Тој во 16. и во 29.минута успеа да побегне од очите на домашните дефанзивци и постигна два гола. Оли Воткинс намали пред крајот на првиот дел, а Астон Вила дојде и до израмнување со голот на Муса Дијаби во 52.минута.

Потоа Даглас Луиз играше со рака, беше досуден пенал за Олимпијакос, а успешно го реализираше Ал Кааби во 56.минута. Сантијаго Хезе во 67.минута зголеми на 2-4, а потоа Даглас Луиз не успеа да реализира пенал за Астон Вила.

Фиорентина го победи Клуб Бриж со 3-2. Рикардо Сотил во петтата минута го отвори резултатот во корист на домашинот, но израмни Ханс Ванакен од пенал во 17.минута. Сепак, Андреа Белоти во 37.минута обезбеди предност за Фиорентина на полувремето.

Клуб Бриж остана со фудбалер помалку во 61.минута по вториот жолт картон на Рафаел Ониедика, но само две минути подоцна израмни со голот на Игор Тијаго.

Фиорентина дојде до триумф од 3-2 во судиското продолжение, а стрелец беше М’бала Нзола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови