Connect with us

Де Зерби ги одбил сите понуди: Сакам да останам во Брајтон и следната сезона

Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, изјави дека сака да остане на чело на „галебите“ и следната сезона. 44-годишниот стратег беше планиран како замена за Томас Тухел во Баерн Минхен и за Јирген Клоп во Ливерпул, но двата клуба не дојдоа на конкретни преговори со него.

„Би сакал да останам во Брајтон бидејќи ги сакам моите играчи, градот, мојот клуб и моите навивачи“, изјави Де Зерби за „Скај Спорт“.

Италијанецот ги презеде „галебите“ во септември 2022 година. Неговиот договор е до летото 2026 година.

Тој го водеше Брајтон до Лигата на Европа минатата сезона, но тимот не се снајде толку добро оваа сезона. Во моментот се наоѓа на 12. место на табелата во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови