Connect with us

ЛЕ: Баер Леверкузен два чекори напред кон финалето (ВИДЕО)

Новиот германски првак Баер Леверкузен игра сезона од соништата и во Европа. Во првиот полуфинален меч од Лига Европа, тимот на Чаби Алонсо на „Олимпико“ ја совлада Рома со 0-2. Со тоа „фармацевтите“ направија два огромни чекори напред кон финалето, иако треба да се одигра и реванш во Германија.

Флоријан Вирц во 28.минута го доведе Баер Леверкузен во водство, а Роберт Андрих зголеми на 0-2 во 73.минута.

Олимпик Марсеј и Аталанта ремизираа 1-1 на првиот меч во Франција. Џанлука Скамака погоди во 11.минута за предност на Аталанта, но израмни Шансел Мбемба во 20.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови