Connect with us

Тричковски: Респект за Израел, но се ќе зависи од нас

Македонските репрезентативци го одржаа и првиот тренинг по пристигнувањето во Израел, каде в четврток ќе се обидат да ја прекинат серијата порази во квалификациите за ЕП 2020. Противникот не е нималку наивен, но право на оптимизам на нашите фудбалери им дава фактот дека при последното гостување во оваа земја, пред две години, успеаја да стигнат до цел плен.

„Се ќе зависи од нас и од она што ќе го прикажеме на теренот. Сепак, мораме да го респектираме Израел, тоа е квалитетна репрезентација, особено при настапите пред својата публика. Пред две години одигравме добро и остваривме триумф во оваа земја, што ни дава за право да се надеваме на сличен исход и в четврток“ – истакна Тричковски.

Асот на АЕК Ларнака се наоѓа во одличен голгетерски ритам, сериозно наметнувајќи се кај селекторот Ангеловски и за место во стартниот тим.

„Во добра форма сум, се чувствувам полн со самодоверба бидејќи одиграв одлични средби во текот на летото. Како во клубот, така и во репрезентацијата – секогаш сум на располагање да помогнам со она што го знам и умеам кога ќе добијам шанса за настап“ – вели Иван Тричковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови