Connect with us

Трапановски и Цефас донесоа триумф за Шкупи (ВИДЕО)

Македонскиот првак Шкупи го совлада тимот на Македонија ЃП со 2-1 во првиот свој меч од новата сезона во Првата фудбалска лига. Составот на Гоце Седлоски потсети на квалитетот и во второто полувреме го скрши отпорот на „лавовите“. Мора да се напомене дека Македонија ЃП исто така одигра добар меч, иако на крајот загуби.

Кристијан Трапановски во 67.минута го отвори резултатот со удар со глава по нафрлувањето на Фреди Алварез. Само три минути подоцна Реналдо Цефас исто така со удар со главаго совлада Стевковски.

Освојувачот на Купот сепак не се предаде лесно, Емир Скендери во 87.минута постигна погодок и ја врати надежта, но, сепак, Шкупи на крајот ги освои трите бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови