Connect with us

Тотенхем ќе плати 50 милиони евра за Ван де Вен

Стоперот на Волфсбург, Мики ван де Вен ќе го засили Тотенхем. Холанѓанецот во понеделник ќе слета во Лондон на медицински прегледи и потпишување на договорот.


Брзоногиот стопер висок 193 сантиметри има 22 години, а Тотенхем за него ќе плати дури 50 милиони евра.


Тој претходно беше поврзуван со Ливерпул, но конкретни преговори не се одржаа.


Новиот менаџер Постекоглу инсистираше на доведување на нов стопер, бидејќи Клемен Ленгле се врати од позајмицата во Барселона.


Ван де Вен е третото засилување на Тотенхем ова лето по Џејмс Медисон и Манор Соломон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови