Connect with us

Тотенхем ја одреди цената за Хари Кејн

Манчестер Јунајтед го обнови интересот за Хари Кејн, а веднаш стигна и одговор од Тотенхем. Лондонскиот клуб ја одредил цената што мора да ја плати клубот кој сака да го купи капитенот. Станува збор за сума од 110 милиони евра.


И покрај тоа што Кејн има уште само 15 месеци од актуелниот договор со Тотенхем, претседателот Даниел Леви инсистира дека нема ни да разговара со клубовите доколку првично не се согласат на споменатата отштета. Нема преговори, обештетувањето е едно и може да се плати или не.

Кејн во јуни ќе наполни 30 години, а Манчестер Сити сакаше да го доведе минатото лето.

Тогаш Леви побара повеќе пари, па Сити го купи Ерлинг Халанд откако на Борусија Дортмунд и плати 65 милиони евра, плус бонуси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови