Connect with us

Тони Крос ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, одлучи да го продолжи договорот на уште една сезона, пренесува „Марка“.


Актуелниот договор на Германецот со клубот е до летото 2023 година, но тој ќе ја прифати понудата на „кралевите“ за продолжување на една сезона, што е политика на Реал за играчи на возраст над 30 години.


Во тимот на Реал Мадрид, Тони Крос има одиграно 405 натпревари во сите натпреварувања, на кои има постигнато 27 гола и 88 асистенции. Играчот од средниот ред има освоено вкупно 19 големи трофеи, вклучувајќи и четири пехари во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови