Connect with us

Тоби Алдерверелд се врати во Белгија и потпиша за Антверпен

Белгискиот дефанзивец Тоби Алдервeрелд потпиша договор со Антверпен, соопштија од клубот. Поранешниот играч на Тотенхем успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша тригодишен договор со белгискиот клуб.


Алдервeрелд во својот нов клуб ќе го носи дресот со број „23“.


По една година помината во Катар, каде настапуваше за Ал-Духаил, белгискиот репрезентативец се врати во Европа и во својата татковина.


Искусниот стопер професионалната кариера ја започна во 2008 година во Ајакс, од каде по пет години минати во клубот замина во Атлетико Мадрид.


Во Саутемптон играше една година како позајмен играч на „јорганџиите“, по што се пресели во Тотенхем, каде остави најдлабок белег.


За тимот од Лондон во текот на шест години одигра 236 натпревари и постигна девет гола.


Во претходната сезона се испроба во катарскиот Ал-Духаил каде забележа 20 настапи, по што се врати во Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови