Connect with us

Тасевски: Важен триумф за Работнички од психолошки агол

Работнички оствари триумф над Победа славејќи со 0-1 на Градскиот стадион во Кичево. По двете ремија на стартот на пролетта, „романтичарите“ го надминаа психолошкиот товар, истакнува тренерот Жикица Тасевски. 

„Тимот го издржа психолошкиот притисок, едноставно моравме да победиме по двете ремија на стартот на пролетниот дел од првенството. Фудбалерите ја сфатија важноста на бодовите, одигравме мудро, дисциплинирано и на квалитет го добивме натпреварот. Го отворивме мечот навремено со погодок и потоа ја имавме контролата. Освоени се трите бода, тоа е најважно, сега ја затвораме таа приказна и се фокусираме на следниот многу важен натпревар против Академија Пандев“, изјави шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски, за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови