Connect with us

Спалети: Ова е неверојатен успех за Наполи

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, беше воодушевен од победата од 3-0 над Ајнтрахт Франкфурт по која неговиот тим се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите за првпат во својата историја. Тој рече дека тоа е големо достигнување за неговиот тим.


„Тоа е неверојатен резултат, ќе уживаме со нашите навивачи. Сега е важно да го задржиме истиот став што го покажавме на двомечот со Ајнтрахт. Иако на почетокот не бевме на вообичаеното ниво, после тоа успеавме да ги направиме вистинските потези и речиси ништо не му дозволивме на противникот. Имавме чист ум. Ако ова е прво четвртфинале во историјата на Наполи, тогаш тоа е големо достигнување“, смета Спалети.

Тој му одговори на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој тврди дека „наполитанците“ во моментов се најсилниот тим во Европа.

„Не се чувствувам горд, не чувствувам ништо. Знам дека во фудбалот секој се обидува да го стави другиот под притисок. Дали Наполи е пред Манчестер Сити? Ако тие можат да потрошат 900 милиони, а ние само 9, тогаш има причина за тоа. Тоа е игра за да не навлечат“, додаде тренерот на Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови