Connect with us

Спалети му одговори на Елмас: Резервите се исто така многу важни во Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас оваа сезона најчесто ги стартува мечевите од клупата за резерви и добива шанса во второто полувреме. Пред мечот со Болоња, тој објави фотографија на Инстаграм како оди кон клупата и ја нарече – „прва љубов“. Тоа беше своевидна порака до тренерот Лучијано Спалети.


По триумфот (3-2) над Болоња, тренерот на лидерот на табелата му одговори на Елмас.


„Морам да потенцирам дека играчите кои влегоа од клупата се покажаа како клучни за победа на овој натпревар. Тоа покажува дека може да имате поважна улога како резервист, отколку да сте во стартниот тим. Сите се вклучени во проектот“, изјави Спалети.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови