Connect with us

Сопругата на Дани Алвеш напиша срцепарателно писмо: Секогаш ќе го сакам, но ова е нашиот крај!

Писмо напишано од раката на убавата Jоана Санц стави крај на една голема љубов. Оваа 29-годишна убавица реши да ја заврши приказната со поранешната фудбалска ѕвезда Дани Алвеш, кој заврши во затвор поради силување.


Јоана Санц неодамна поднесе барање за развод од Дани Алвеш. 29-годишната убавица реши да продолжи понатаму откако нејзиниот сопруг беше обвинет за силување, поради што веќе три месеци е зад решетки.


Таа објави срцепарателно писмо. Потврди дека сама продолжува понатаму и дека за неа Дани сега е само минато.


„Од мала сум навикната да ги изразувам своите емоции преку пишување. Претпоставувам дека тоа е затоа што сум единствено дете. Тоа ми носи многу добро.


Посакувам да го пишувам ова за љубов и среќа, но тоа не е така. Ова беше страшен период, но не и најтежок во мојот живот бидејќи веќе се соочив со многу бури кои беа многу темни и болни.


Чувството на напуштеност и осаменост повторно ми тропна на вратата. Илјада прашања „Зошто?“ останаа без одговор. За партнер избрав личност која во моите очи беше маж за цел живот“.


Секогаш беше таму кога ми беше најпотребен. Секогаш ме поддржуваше во сѐ, ме туркаше напред, ме сакаше. Тешко ми е да прифатам дека оваа личност може да ме скрши на илјада парчиња. Ќе ми требаат години да го заборавам начинот на кој ме гледаше. Тоа е најневеројатната работа на светот.


Продолжувам понатаму. Го сакам и секогаш ќе го сакам. Кој вели дека љубовта може да се заборави, лаже. Но, јас се сакам себеси и повеќе се ценам. Го завршувам поглавјето од мојот живот што започна на 18 мај 2015 година. Ќе ги искористам сите можности што ми ги дава животот. Јас сум силна жена која започнува нов живот“, напиша Јоана.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови