Македонскиот второлигаш Слога Виница е во потрага по нов шеф на стручниот штаб откако Даниел Стојановски поднесе оставка поради слабите резултати на стартот од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.
Слога Виница се наоѓа на претпоследното место со само шест бода.
„Почитувана фудбалска јавност на Виница и пошироко, ве известуваме дека досегашниот шеф на стручен штаб Даниел Стојановски си поднесе оставка. Како клуб сакаме да му искажеме голема благодарност бидејќи истиот во изминатиот период прифати да го води нашиот клуб во овие тешки моменти, и му посакуваме само успеси во иднина како на спортски така и на приватен план“, соопштија од клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski