Connect with us

Сејдини: Јас не сум го ставил името на ФФМ и немам право да го менувам

Фудбалската федерација на Македонија нема набрзо да промени името, тврди претседателот Муамед Сејдини. На денешната презентација на новиот селектор Благоја Милевски, тој одговори на новинарско прашање и околу притисокот ФФМ да го смени името поради обврските од Преспанскиот договор.

„Јас не сум го ставил тоа име на ФФМ, нити имам право да го менувам. Единствен начин за промена е околу тоа да решава Собранието на ФФМ. Тоа е мојот став и немам намера ништо да правам по тоа прашање“, изјави Муамед Сејдини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови