Connect with us

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Арне Слот

Ливерпул ја продолжува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Оваа недела беше откриено дека шефот на Феенорд, Арне Слот моментно е на врвот на листата на „црвените“. Англискиот гигант веќе стапил со челниците на освојувачот на Купот на Холандија.


Сепак, нивната прва понуда е одбиена од Феенорд, тврдат медиумите на Островот.

Ливерпул понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот на Арне Слот.

Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат. Иако се во преговори за Слот, Ливерпул сѐ уште разговара и за други опции за иден тренер.

Слот го предводеше Феенорд до втората холандска титула во последните 20 години минатата сезона. Претходната година неговиот тим стигна до финалето во Конференциската лига каде загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година. Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијаст да го преземе Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови