Connect with us

Саутгејт стигна до јубилејна победа на клупата на Англија

Англија победи со 2-1 на гостувањето кај Италија во Неапол, на стартот од квалификациите за ЕВРО 2024, а натпреварот беше многу посебен за селекторот на „трите лава“, Герет Саутгејт. Тоа беше негова 50. победа на чело на националниот тим, а само двајца селектори на Англија имаат остварено повеќе низ историјата.


Рекордер е Волтер Винтерботом со 78 победи од 139 меча во периодот меѓу 1946 и 1962 година. Втор е Алф Ремзи со 69 победи од 113 меча во периодот меѓу 1962 и 1974 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови