Connect with us

Роналдо ќе ја одбие „непристојната понуда“ од Саудиска Арабија

Португалскиот ас Кристијано Роналдо ќе ја одбие огромната понуда од Саудиска Арабија. Тој доби „непристојна понуда“ од неименуван саудиски клуб да потпише двегодишен договор, а за тоа да добие неверојатни 250 милиони евра.


Неименуванио клуб од Саудиска Арабија понудил 30 милиони евра на Манчестер Јунајтед за да му дозволи на Роналдо да си замине, со оглед дека има договор до јуни 2023 година.


Ако ја прифати оваа понуда, Роналдо би го урнал светскиот рекорд за најскап трансфер во историјата, но по сѐ изгледа дека тој сака да игра само во Лигата на шампионите и токму затоа има желба да го напушти „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови