Connect with us

Рома без Пелегрини на дербито со Јувентус?

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, е неизвесен за настап на утрешното дерби против Јувентус. Фудбалерот е болен од грип и неговото учество на мечот против „бјанконерите“ е сериозно доведен во прашање.


Пелегрини ќе биде подложен на тестови непосредно пред утрешниот натпревар, по што ќе биде јасно дали воопшто ќе биде во составот за големиот дуел.


Рома продолжува да се бори за место во Топ 4, а моментно ја зазема петтата позиција на табелата, со три бода заостанување зад Милан и зад Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови