Connect with us

Ренова: Ова што се случува е организиран криминал во корист на Академија Пандев

Ренова загуби на гостувањето во Струмица против Академија Пандев со 2-1, а потоа излезе со реакција за судењето. „Гипсарите“ прашуваат дали треба да се повлечат од првенството и да им ги остават веднаш бодовите на ривалите од Академија Пандев. Тие тврдат дека се случува организиран криминал во првенството во корист на клубот од Струмица.


„Сакаме да ја прашаме судиската организација: Дали треба ние другите клубови предвреме да се откажеме од мечот и да ги дадеме бодовите кога играме против Академија Пандев?! Бидејќи ова што се случува во првите четири кола од првенството е организиран криминал во нивна корист, а на штета на другите клубови. На почетокот на второто полувреме кога резултатот беше 0-1 во корист на нашиот клуб, судијата почна да ги применува методите како да се помогне на противникот, мислејќи на голови од пенали кои не постоеја, корнери…., се додека не се неутрализираше резултатот. Сега гледаме дека сите реакции на другите клубови биле во право за натпреварите против горенаведениот клуб. Воопшто не сакаме да се појавуваме во јавност со вакви реакции, но не можеме да ги затвориме очите пред ова што се случува“, се вели во реакцијата на Ренова.

Неверојатни случки имаше во Струмица. Судијата Александар Грујоски досуди крај на натпреварот, но по огромните тензии и жестоки реакции од фудбалерите на Ренова потоа ги врати двете екипи на теренот, дозволи да се изведе последниот слободен удар на Ренова и повторно досуди крај.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови