Connect with us

Реал Мадрид го раскинува договорот со Еден Азар, а тој ќе стави крај на кариерата

Шпанскиот гигант Реал Мадрид донесе одлука да го раскине договорот со Еден Азар, една година пред неговиот истек, тврдат шпанските медиуми. По ова, Азар е на чекор да стави крај на активната фудбалска кариера.


Азар не се снајде во Реал Мадрид, никогаш не го оправда епитетот на супер-засилување по доаѓањето од Челси и се мачеше со повреди. Тренерот Карло Анчелоти оваа сезона речиси и да не му даде шанса да настапи на теренот.


Реал Мадрид ќе му ја исплати последната година од договорот, но тој веќе нема да биде дел од „кралскиот клуб“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови