Реал Мадрид официјално ќе им го претстави Килијан Мбапе на своите навивачи на 16 јули – два дена по завршувањето на Евро 2024 година, објави „Ле Паризиен“. Ова ќе се случи на свечена церемонија на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид го објави трансферот на Мбапе на 3 јуни, а сега, иако се уште не е потврдено од „кралскиот клуб“, јасно е и кога ќе биде претставена француската мегаѕвезда. Настанот се очекува да биде спектакуларен и пред полн стадион со речиси 85.000 навивачи – слично како претставувањето на Кристијано Роналдо на „Бернабеу“ во 2009 година.
„Многу сум среќен и горд што се приклучувам на клубот од моите соништа. Никој не може да разбере колку сум возбуден во моментов. Едвај чекам да ве видам „мадридисти“ и ви благодарам за вашата неверојатна поддршка. Хала Мадрид!“, истакна Мбапе откако беше обелоденето дека потпишал петгодишен договор со Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













